(ВИДЕО) Се понервозен станува Роналдо во Ал Наср – Што се случува со Кристијано?!

Сподели

Loading

Кристијано Роналдо го завршува вториот натпревар по ред со својот Ал Наср видно нервозен и нерасположен.

фото: Power Sport Images / Shutterstock Editorial / Profimedia

По поразот на неговиот тим Ал Наср во дербито на шампионатот против Ал Итихад, и кога тој ги шутна шишињата по напуштањето на теренот, Португалецот сега ја шутна топката и заработи жолт картон.

Ал Наср овојпат победи со 3:1, но без голема помош од Португалецот. Роналдо одигра очајна партија и веројатно поради тоа покажа фрустрации кои прво заработи жолт картон, а потоа беше заменет.

Роналдо доби жолт картон во судиското надополнување поради шутирање на топка откако судијата свирна крај на првото полувреме…

А потоа во 87. минута мораше да го напушти теренот. Него го замени тренерот Руди Гарсија, а на снимката се гледа како Роналдо му кажува нешто на тренерот на португалски јазик со поглед на лицето кој вели дека не е премногу среќен поради замената.

The post (ВИДЕО) Се понервозен станува Роналдо во Ал Наср – Што се случува со Кристијано?! first appeared on .

Powered by WPeMatico