Спорт

(ВИДЕО) СКАНДАЛ ја тресе АНГЛИЈА! Џака под истрага на полицијата поради спорен жолт картон!

Сподели:

Голем скандал ја тресе Англија и Премиер лигата, а во главната улога е играчот на Арсенал, Гранит Џака.

Швајцарскиот репрезентативец е под истрага на Националната агенција за криминал бидејќи постои основано сомнение дека намерно добил жолт картон на натпреварот со Лидс (1:4 )минатата сезона.

Фудбалската асоцијација на Англија го истражува овој случај веќе половина година.  Наводно има докази дека Џака го добил овој картон за да изврши обложувачка измама.

Натпреварот се одигра на „Еланд Роуд“ на 18 декември, Арсенал лесно го доби натпреварот со 4:1, а Џака непотребно доби жолт картон пред крајот на натпреварот.

Она што ги вознемири фудбалскиот сојуз и полицијата се огромните уплати на натпреварот дека Џака ќе добие жолт картон во последните 10 минути од натпреварот.

На крајот, во 86. минута, судијата Андре Маринер му додели жолт картон на Џакa бидејќи доцнеше да го изведе слободниот удар!

Во тој момент веќе беше 4:1 и беше јасно дека „топчиите“ полека се движат кон нова победа.

Швајцарскиот фудбалер стоеше до топката околу 20 секунди и не се ни обиде да изведе слободен удар, се додека не беше впишан во бележникот на Андреа Маринер.

Џака многу често добива картони. Наводно според резултатите од истрагата, една од обложувалниците добила дури 250.000 фунти на сметка на овој жолт картон.

Обложувалницата прва поднесе пријава и ги предупреди сите надлежни за можна измама.

Ваквите случаи тешко се докажуваат во Англија и треба многу материјал, но кога ќе се докажат следуваат многу строги казни.

За потсетување, дефанзивецот на Линколн Сити, Бредли Вуд, беше суспендиран на шест години во 2018 година. 

Беше докажано дека намерно добил жолт картон за да добијат неговите седум пријатели во обложувалница.

Доколку Џака биде суспендиран, најверојатно нема да може да игра на СП во Катар. Швајцарија е во групата со Србија, Бразил и Камерун.

Ако биде прогласен за виновен му се заканува суспензија и крај на кариерата.

The post (ВИДЕО) СКАНДАЛ ја тресе АНГЛИЈА! Џака под истрага на полицијата поради спорен жолт картон! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: