ВИДЕО: Вчера по 13 години на Ноу Камп во Барселона се случи нешто невидено!

Сподели

Напаѓачот Ансу Фати се врати во тимот на Барселона по повредата минатата сезона каде одигра само 10 натпревари, но и да постигне пет гола и четири асистенции. 

Чудото на Барселона, истрча на теренот за прв пат од ноември минатата година. Тој отсуствуваше долго време поради повреда на коленото.

Фати го пропушти ЕВРО 2020, а вчера против Леванте, Роналд Куман одлучи да му даде шанса дури во 81 минута кога го замени Де Јонг.

Довербата на Куман, Фати ја круниса по само 10 минути игра кога го постигна третиот гол за Барселона во судиското надополнување во победата од 3-0 на Ноу Камп.

Исто така, за прв пат по 13 години, Камп Ноу имаше можност да го види дресот со бројот 10, на кој не пишува „Меси“.

По заминувањето на Аргентинецот во Пари Сент Жермен, култниот број во Блауграна, кој носи голем притисок со себе, го презеде Фати…

The post ВИДЕО: Вчера по 13 години на Ноу Камп во Барселона се случи нешто невидено! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico