ВИДЕО: Верувале или не, но Меси е најлошиот од Лигата на шампионите!

Сподели

Килијан Мбапе му донесе голема победа на Пари Сен Жермен против Реал Мадрид во Париз кога погоди во судиското продолжение!

фото:Profimedia

Сепак, она што го одбележа мечот е промашениот пенал на Лионел Меси, кој собори негативен рекорд!

Тоа беше негов 5-ти неискористен пенал во елитното европско натпреварување, од 23 обиди.

Според тоа, е рекордер и сега е на исто ниво со Тиери Анри, кој имаше еднаков број промашувања од белата точка.

Исто така, уште еден податок за одбележување е дека Меси го престигна Кристијано Роналдо на врвот на листата на играчи со најмногу пенали во Лигата на шампионите.

Аргентинецот ја презеде одговорноста во 62. минута од мечот со Реал, но одличниот Куртоа ја прочита неговата намера и во тој момент го спаси својот тим, но не можеше многу кога Мбапе го совлада во продолжението.

– На вакви натпревари знаете дека како голман ќе имате многу работа. Многу ги проучував пеналите на Меси и се обидував да играм со него кога бев на линијата. Морате, секако, да имате и малку среќа да одбраните – објасни Белгиецот.

Погледнете го моментот кога Куртоа му го одбрани пеналот на Меси….

The post ВИДЕО: Верувале или не, но Меси е најлошиот од Лигата на шампионите! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico