Спорт

(ВИДЕО) Врие полиција во Атина – Цел град е под опсада, а летаат и хеликоптери!

Сподели:

Loading

Грчки АЕК вечерва (20:45 часот) во Атина го пречекува Динамо од Загреб во одложениот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.

фото: imago sportfotodienst / Profimedia

По страшните нереди во кои загина навивачот на грчкиот клуб Михалис Кацурис, УЕФА одлучи да го одложи натпреварот.

Во вторникот го одиграа првиот натпревар во Загреб и АЕК по пресврт славеше со 1:2, а денеска е закажан реваншот во Атина.

По страшните настани владее невидена тензија. Натпреварот беше прогласен за натпревар од висок ризик и безбедносните мерки беа подигнати на највисоко ниво.

На грците им дојде памет и сега ништо не оставаат на случајноста.

На граничните премини кон Грција има задржувања бидејќи се е проверено и не се пропуштаат хрватски државјани да влезат во земјава.

На стадионот „Опап“, каде што ќе се игра натпреварот, според грците ќе има илјадници полицајци. Ангажирани се хеликоптери и дронови кои го прелетуваат стадионот.

Портите на стадионот ќе се отворат три часа пред натпреварот, а на трибините се очекува да има околу 30.000 навивачи. Се разбира, само на АЕК.

The post (ВИДЕО) Врие полиција во Атина – Цел град е под опсада, а летаат и хеликоптери! first appeared on .

The post (ВИДЕО) Врие полиција во Атина – Цел град е под опсада, а летаат и хеликоптери! appeared first on .

Powered by WPeMatico

Сподели: