Во недела почнува зимското сметање на времето

Сподели

 

Летното сметање на времето завршува на 25.октомври така што со поместување за еден час наназад, времето во 3 часот се смета како 2 часот.

Македонија и Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд ќе се префрлат на зимското сметање на времето.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија„ број 79” од 26.03.2020 година.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.