Вести Македонија Ударни вести

Викендов во акција исчистени кејот и Градскиот парк

Сподели:

 

Во текот на викендот екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ спроведоа акција за чистење на кејот на реката Вардар, како и во Градскиот парк, од отпадоците кои беа расфрлани на повеќе локации, како покрај кејот, така и на тревните површини.

 

 

Исчистени се лисјата што паѓаат на пешачката патека на кејот, како и отпадот во пешачката зона покрај коритото, дел на кој секојдневно се рекреираат и спортуваат скопјани.

Истата акција се спроведе и во Градскиот парк, каде што беа исчистени сите бетонски патеки за прошетка, како и тревниците кои во текот на викендот беа полни со отпад.

 

Сподели: