Вести Македонија Ударни вести

Родовата еднаквост – клуч за економскиот раст на државата

Сподели:

 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на панел дискусија насловена: „Родовата еднаквост – клуч за економскиот раст на државата“ во организација на Европската бизнис асоцијација.  Заедно со останатите панелистки кои учествуваа во дискусијата зборуваше за родовата еднаквост во нашето општество, на нашите работни места, институции, компании.

 

 

Ова беше одлична можност да се  слушнат нивните лични искуства како е да се биде успешна жена и како дошле до успехот.

 

 

Министерката во своето обраќање пред присутните се осврна на законските прописи кои ги креира Министерството за труд и социјална политика, преку Секторот еднакви можности. Односно вклучување на родовата димензија во сите закони кои се под негова надлежност.

 

 

„Законодавството во Република Северна Македонија е согласно сите европски стандарди, согласно стандардите на Обединетите нации. Во Предлог законот за работни односи се воведоа  нови институти, во делот на посебната заштита на жената во време на мајчинство и раѓање. Воведуваме два нови институти мајчинство и татковство, а родителското отсуство постои и понатаму. Целта е вклучување на таткото во растот и развојот на детето и можноста на враќање на мајката на работа. Се воведуваат и работа од дома и работа и далечина, особено значајни за младите,“ истакна Тренчевска.

 

 

Таа посочи дека министерството работи и на нов закон за родова еднаквост и на зајакнување на владиниот механизам за родова еднаквост, односно создавање на Секретаријат за родова еднаквост со кој ќе раководи вицепремиерка за родова еднаквост. Исто така, таа информираше дека министерството работи и на нов закон за вознемирување на работно место, исклучително важен кога се зборува за насилството врз жените и вознемирување на работно место.

Сподели: