Вести Македонија Ударни вести

ВЛАДА: Изградба на достапен, квалитетен Универзитетски клинички центар

Сподели:

На вчерашната седницата на владата беше усвоена и информацијата за постапката за изградба на Универзитетски клинички центар.

Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство да изготви барање за изразување на интерес за заем до финансиските институции, билатерални кредитори и странски комерцијални банки, за финансирање на изградбата на новиот Клинички Центар.

Во исто време го задолжи Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во Република Северна Македонија.

Приоритет на оваа одлука е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и беспрекорна услуга на граѓаните.

По спроведени анализи, а врз основа на студијата за изводливост на проектот за преместување на Универзитетски Клинички Центар, како и од податоците доставени од клиниките, предложен е концепт на интегриран објект кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 м2 за потребните 1300 болнички легла, 20 операциони сали, 4 ангиогравски сали, 8 родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност.

Сподели: