ЈО итно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Сподели

 

Како дополнување на заклучоците и препораките од 19-тата седница, Владата упатува препорака до Јавното обвинителство да даде упатства и препораки за итно и приоритетно постапување на сите јавни обвинителства во државата во постапките процесуирани од страна на надлежните институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од страна на Владата и другите надлежни државни институции.

Владата им препорачува на сите работодавачи во државава, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.