Владата формира Главен координативен кризен штаб

Сподели

 

Владата формира Главен координативен кризен штаб, со кој ќе раководи претседателот на Владата на Република Северна Македонија и во состав од сите заменици на претседателот на Владата, министерот за здравство, министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи, министерот за транспорт и врски, министерот за финансии, министерот за образование и наука, министерот за надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел целосната координација да се врши во ова тело.

По потреба, во зависност од ситуацијата, во работата на Главниот координативен кризен штаб може да се вклучат и други надлежни институции и стручни лица. Главниот координативен кризен штаб да се состанува на дневна основа, претпладне, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, веднаш по одржување на состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.