Владата демантира дека на вчерашната централна прослава на 11 Октомври – Денот на народното востание кај Спомен-костурницата во Куманово била правена каква било цензура и произволна измена на текст на песна откако во јавноста се појавија критики дека при хорската изведба на „А бре, Македонче“ зборовите „клетите фашисти“ била заменети со „душманите клети“.
„А бре, Македонче“ е создадена од Крсте Црвенковски, Коле Чашуле и Ордан Михајловски, но се смета за народна песна која важи за химна на партизанското движење во Македонија и потекнува од периодот на Народноослободителната борба (НОБ) за време на Втората светска војна.


