Вести Македонија Ударни вести

Владата го достави до Собранието дополнувањето на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка

Сподели:

 

Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите се доставени до сите пратеници, информираат од Собранието.

Сподели: