На денешен ден почина еден од доајените на македонската современа скулптура, Стефан Маневски

Сподели

 

На денешен ден починал еден од доајените на македонската современа скулптура, Стефан Маневски (25.12.1934, Скопје – 12.7.1997, Скопје).
Неговото творештво е од особено значење за еволуцијата на македонската скулптура.
 
Маневски беше скулптор со изградена творечка физиономија карактеристична за една епоха во современата македонска скулптура.
Тој е припадник на генерацијата која направи пресврт во пристапот на третирање на скулптурата пред се, воедно продлабочувајќи го интересот за еден посамостоен и посложен пристап во трансформацијата на проблематичкото егзистенцијално искуство во сферата на естетското, а во согласност со најавтентичните уметнички тенденции во современата ликовна уметност.
 
 
 
 
Дипломирал на Факултетот за Ликовни уметности во Белград 1960 г., а магистрира лна истиот факултет во 1963 г. Во ликовниот живот бил перманентно присутен со повеќе самостојни и групни изложби како во земјата така и во странство, а истовремено остварувајќи видна ликовно педагошка дејност како редовен професор и декан на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
 
За неговото творештво добитник е на бројни значајни награди и признанија.
Умира во Скопје, во 1997 година.
 
 
 
 
Делата се сопственост на Националната галерија.
 
– Без наслов (неисправен екран), 1981, обоен метал, 92х44х16
– Сув предел, 1984, пајц хартија, 35х21
– Без наслов, 1984, обоен декопиран плех, 95х115х39
– Сончев знак, 1966, железо, 107х46х9