Владата го осудува говорот на омраза на реисот Сулејман Реџепи

Сподели

Владата го осудува секој говор на омраза во Република Северна Македонија без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини, на конгреси, на прес-конференции, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Секогаш сме го осудувале говорот на омраза и во овој случај го осудуваме – одговори Бошњаковски, на новинарско прашање за говорот на омраза од страна на поглаварот на Исламската верска заедница, реис Сулејман Реџепи.

Реџепи за време на церемонијата на поставување камен-темелник на џамијата во скопското село Арнакија, се обрати до присутните верници со зборови кои предизвикуваат омраза, раздор, нетрпеливост и исмејување на македонскиот народ.

Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за ширење говор на омраза од страна на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.