На вчерашната седница, Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на 6 лиценци за одгледување на канабис, информира портпаролот Марија Митева.
„Денес имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема.
За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е оваа Комисија.
Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат. И да, Владата донесе одлука за одземање на уште 6 лиценци“, истакна Митева.


