Владата зеде 5 милиони денари од донациите за поплавените како данок

Сподели

По 10 отсто или 1.420 денари, Владата како данок повлече од парите кои Црвен крст им ги префрли на сметките на семејствата кои беа погодени од поплавите на 6-ти август во Скопје и околината. Секое семејство како помош од Црвен крст добило по 13 илјади денари. Генералниот секретар на Црвен крст, Саит Саити, рече дека Владата на овој начин од 3 515 семејство повлекла околу 5 милиони денари. Според него, во Црвен крст има резерви од донациите за уште околу 300 семејства, кои можат да се пријават во наредните денови, пренесе ТВ21.

За разлика од вчера кога повеќето граѓани рекоа дека не добиле помош од Црвен крст,

Екипата на ТВ 21, го посети и Стајковци. Дел од граѓаните велат дека земале аванс и помош од Црвен крст, но како што велат со тие пари нема да си ги вратат своите домови.

Жителите бараат ветувањата за санирање на нивните куќи да се исполнат што е можно поскоро, бидејќи како што велат ги изгубиле сите надежи.