ЗАЕВ: Денешниот ден ќе донесе заеднички успех на сите во државата

Сподели

 

“Денеска во Струмица го остварив своето гласачко право, како придонес кон големата граѓанска одлука.

Очекувам дека граѓаните преку својот глас дадоа правец за следните четири години, да продолжиме напред, по правиот, вистинскиот пат.

Од денешната одлука на граѓаните зависи кој ќе води грижа за здравјето на граѓаните, кој ќе ги отвора и затвора поглавјата со ЕУ, кој ќе се грижи за економскиот раст и развој на сите граѓани во Република Северна Македонија.

Државните институции покажаа капацитет да организираат вака специфични избори со почитување на сите здравствени протоколи.

Овие избори се поразлични од другите, но не и помалку важни. Верувам дека денешниот ден ќе донесе заеднички успех на сите во државата” – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.