Владина делегација и министерот Бектеши во посета на “Алкалоид” во Киев

Сподели

 

Министерот за економија Крешник Бектеши, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, советникот за млади и спорт во Владата, Ѓорѓи Тасев и амбасадорот на Северна Македонија во Украина Крум Ефремов денеска остварија посета на компанијата Алкалоид Киев- подружница на фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје во Украина.
Ова претставништво е одговорно за етички маркетинг и за промоција на производите на Алкалоид на украинскиот пазар. Менаџерот на подружницата Дејан Каранфилов ги информираше за основната
дејност, тековните активности на Алкалоид Киев и плановите за украинскиот пазар.

Алкалоид е извозно ориентирана компанија и околу 65% од своето производство го пласира на пазарите на речиси 40 земји. Групацијата Алкалоид брои 2.430 вработени од кои 570 се вработени во подружниците надвор од Северна Македонија.

Министерот Бектеши го честиташе љубилејот од 85 години на Алкалоид АД и посака успех на менаџментот на Алкалоид Киев за реализација на идните планови и посочи дека Министерството за економија како надлежно за меѓународните трговски односи на Северна Македонија секогаш ќе работи на создавање на поволни услови за работа на домашните компании во странство.