ВЛЕН: Дали СДСМ станува второто лице на ДУИ?                                      

Сподели:

ВЛЕН целосно застанува зад Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој за да избегне блокирање на државата заради дневна политика е принуден да влече непопуларни потези кои му ги овозможуваат Уставот и Деловникот. Без да се мешаме во состојбите во македонскиот политички блок, изразуваме жалење што СДСМ во обидот да ја врати изгубената доверба од граѓаните на дневна основа создава нови и нови политички соперници.

Ваквата анти народна политика на раководството на СДСМ е доказ за нивното лицемерие. Актуелната Влада раководи со државата едвај две години, период во кој најмногу се занимава со нерешените прашања и долгови кои во наследство ни ги остави претходната Влада.

Ова раководство на СДСМ исто како она на ДУИ само заради тоа што не се власт со сите сили се обидуваат да ја блокираат државата, правејќи се наудрени дека тие немаат одговорност за ништо. ВЛЕН нема да дозволи опструкции на државата заради кои ќе страдаат граѓаните.

А СДСМ треба да и одговори на јавноста дали станува второто лице на ДУИ? – се вели во реакацијата на ВЛЕН.

Сподели: