ВЛЕН ја поздравува посетата и европската порака на претседателот Антонио Кошта

Сподели:

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје, во посета што претставува важна потврда на европската перспектива на Северна Македонија.

Интеграцијата во Европската Унија е нашата стратешка определба и аспирација на генерации. Посетата на претседателот Кошта е поттик да продолжиме со посветеност во реформите и процесите што ја приближуваат земјата кон европското семејство.

Во оваа насока, ВЛЕН ќе продолжи да дава свој институционален придонес преку првиот заменик-претседател на Владата и министерот за европски прашања, Беким Сали, држејќи ја реформската агенда во центарот на евроинтегративниот процес.

ВЛЕН останува посветен, преку работа, дијалог и реформи, да придонесе за изградба на целосно европска иднина за сите граѓани на Северна Македонија.

Сподели: