ВЛЕН на сите граѓани на Северна Македонија им го честита Денот на Републиката

Сподели:

По повод 2 Август, Денот на Републиката, на сите граѓани на Северна Македонија им го честитаме празникот.

Овој ден нè потсетува на историските стремежи за слобода, еднаквост и правда, вредности врз кои се темели нашата Република и кои го определуваат нејзиниот мултиетнички карактер.

Овој празник е и можност да се осврнеме на патот што заеднички го изминавме како држава и општество, како и да ги зајакнеме меѓусебното разбирање, соработката и посветеноста на општото добро, без оглед на етничките, верските или политичките разлики.

Одговорност на сите нас е да ги чуваме и унапредуваме овие вредности, градејќи модерна, праведна и рамноправна држава во која секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и рамноправен. Само така можеме со сигурни чекори да ја водиме земјата кон европското семејство, се наведува во честитката на ВЛЕН.

Сподели: