ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети и Груевски остварија средба

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека имало средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети. Во соопштение до медиумите наведуваат:

-Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ , Никола Груевски и Али Ахмети  остварија средба на која што акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни, фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.

Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојните предизвици на тој план“.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно најавија дека оваа недела ќе почнат средбите и преговорите за составување влада во услови кога партијата има сосема спротивни ставови од клучните барања на ДУИ-продолжување на мандатот на СЈО и двојазичност на целата територија на Македонија. Од ДУИ порачаа дека за овие две прашања немаат намера да преговараат, туку да се прифатат.