Спорт

Ракометарите поразени од Шпанија

Сподели:

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да приреди изненадување и да освои бод против фаворизираната Шпанија иако 42 минути играше рамноправно со поранешниот светски првак. Во рамките на четвртото коло, во Б групата на Светското првенство, Шпанија ја порази Македонија со 29:25 (14:14).

Македонија денеска ќе ја заврши првата фаза со дуелот против Исланд (17:45 часот). Со победа или нерешен резултат Македонија ќе го обезбеди третото место на табелата во Б групата.

Сподели: