ВМРО ДПМНЕ-ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА: Неславно заврши епизодната улога на Мицковски

Сподели

По вчерашниот дебакл на лидерската средба по која го видовме вистинското лице и улога на преговарачите на ДПМНЕ сега е вистински и последен момент наметнатиот лидер Мицковски да поднесе оставка, а партијата да свика вонреден партиски Конгрес.

Итно е потребно Конгресот на ВМРО ДПМНЕ, како највисок партиски орган, да донесе Когресна одлука со која ќе се определи дали ВМРО ДПМНЕ и понатаму ќе функционира како злосторничко криминално здружение исклучиво за потребите и интересите на соборениот диктатор Груевски и неговата криминална ,,фамилија” или во иднина ќе дејствува како современа демократска и патриотска политичка партија. Последиците од едното или другото ги знаат сите искрени и чесни членови, симпатизери и приврзаници на партијата.

ВМРО ДПМНЕ е партија на народот, а не приватна партија и затоа е потребно во најкраток можен рок узурпираната партија да се врати на членството. 12-та година партијата и членството се заложници на непартиски и криминализирани структири. Што побрзо Мицковски поднесе оставка и се одржи вонреден Конгрес последиците по државата и партијата ќе бидат помали. Членството на партијата, мора сторого да ја почитува партиската доктрина која јасно и децидно истакнува дека: ,,Значењето на татковината е огромно. ВМРО-ДПМНЕ е против општество во кое „владее егоизмот на интереси“. Без нација и национална свест нема еманципација од последиците на егоизмот. За ВМРО-ДПМНЕ човечка и национална обврска е да се негува сè што е изворно и ни припаѓа нам: нашиот јазик, нашите обичаи, нашите песни, нашата историја, нашата илјадагодишна традиција на писменост и традициите на нашата книжевност и уметност”.

Зата бараме од Мицковски да престане да купува време, да одработува за туѓи криминални интереси и да ја срами партијата и итно да поднесе оставка, бидејќи неговата епизодна неславна улога заврши вчера. Ден порано, ден подобро за сите нас

ВМРО ДПМНЕ-ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА