Вести Македонија Став Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ за истрагата која ја иницирала УЈП ја претставуваат како афера

Сподели:

 

Очајна е тактиката на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, дознале информации за актуелна истрага за незаконитости кои ги открила УЈП и со шпекулации се мачат да ја претстават како афера.

Нема афера туку утврдено незаконско работење кое УЈП го откила уште во јуни 2021 година и сите документи, докази и материјали се доставени до надлежни институции. Предметот е веќе во предистражна постапка, се наведува во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ на овој начин прави штета на самата постапка и се обидува да го поткопа функционирањето на институциите. Но, и тоа нема да успее.

Сподели: