Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева без причина побара продолжување на притворот на Талески

Сподели:

nova-zgrada-vmro1

„Од чист политички реваншизам, само за да се задоволат деструктивните нагони на Зоран Заев и криминалците околу него, Катица Јанева без никаква причина побара на Владимир Талески да му биде продолжен притворот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната одлука на Кривичниот суд да му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник за нови 30 дена.

Од владејачката партија велат дека не постои било каква вина кај градоначаникот Талески, и дека тој во изминатите 30 дена не се обидел да избега или да влијае на истрагата.

„Во ваквото однесување на Катица Јанева нема правда. Има само политички мотивирана пресметка со неистомислениците на Зоран Заев. За оваа неправда и за политичкиот прогон кој го гледаме некој ќе сноси законска одговорност. Сега кога патот до изборите е чист и кога просторот за ново бегство на СДСМ е многу мал, паниката кај Заев и Катица Јанева е се поголема. Јасно им е дека единствената алатка во кампањата на СДСМ е партиското настапување на специјалното обвинителство, која е тотално неуспешна и не поминува кај граѓаните“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

meta.mk

Сподели: