ВМРО ДПМНЕ: Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција, а деталите ги добива од странските медиуми

Сподели

,,Република Македонија е заробена и киднапирана држава. СДСМ се однесува со државата како приватна сопственост. Се одлучува за и во името на граѓаните, без истите да бидат информирани“-реагира ВМРО ДПМНЕ.

,,Јавноста нема никакви информации за преговорите со Грција, а детали од истите добива преку странските медиуми. Јавноста е фрапирана од последните изјави дека македонската влада испратила предлог спогодба до грчката влада за кој не се знае ниту што содржи, ниту кој е консултиран, ниту кој дал поддршка и на крај во чие име е испратен.

Додека во Грција предлог спогодбата што ја испратила тамошната влада до нашата влада е составувана од 50-тина експерти од разни области, предлог спогодбата која Заев ја испратил во Атина, како што изјави владиниот портпарол е составувана  од вработени во кабинетот на Заев.

Владата не кажа дали и кои експерти учествувале во изготвувањето на нашиот предлог. Кои се лицата кои го составувале предлогот? Дали Заев предлага промена на нашето име?

Заев се однесува со државата и државните интереси како со приватен имот. Уставот и законите не ги почитува, ниту ги применува.

Катастрофалните политики по државата и граѓаните се нижат една по друга, а Заев целата деструкција ја прикрива со апсење на политички противници и нивно неосновано држење во притвори.

Заев не знае како да го сврти вниманието во јавноста и ги злоупотребува институциите и правосудните органи, кои се претворени во алатка за извршување на политички прогон.

Република Македонија, денес е единствената држава на европскиот континент, која има политички затвореници. Со секој поминат ден во притвор на патриотите и чесни граѓани на кои им се монтирани неосновани обвиненија за тероризам, државата се повеќе се одалечува од ЕУ и НАТО.

Власта нема да успее да ги замолкне слободомислечките граѓани. Граѓаните ја  гледаат сета деструкција на СДСМ и ќе им кажат не на овие штетни политики“ – се вели во соопштението на партијата.