ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сијамски близнак на Кацарска и Трпков

Сподели

“Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија.

Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава.

Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.

На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сијамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.

Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството”, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.