ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од традиционалната матрица на партизација на институциите

Сподели

 

Жалиме што мораме да констатираме, но ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да излезе од традиционалната матрица на партизација на институциите со кои управуваат, реагираат од Град Скопје.

Градот Скопје назначува кадри на раководни функции исклучиво согласно професионалните референци, образование и искуство.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од партиската логика дека институциите треба да ги водат само партиски кадри, не значи дека и другите се водат од истата логика. 

Кога веќе сакаат да зборуваат за создавање на хаос во институциите, ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ на следната седница на Советот на град Скопје да предложат точка на дневен ред со цел промена на 350 членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи на град Скопје кои се поставени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Град Скопје, соопштение