Вести Македонија Став Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ не се менува, Мицкоски молчи за шовинизмот на Стоилковски

 

Социјалдемократската младина на Македонија најостро го осудува говорот на омраза и шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, упатени кон министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Недозволливо е портпарол на парламентарна партија да употребува сексистички изрази и говор на омраза насочен против жените.

Недоличниот и срамен потег на Стоилковски беше осуден од целата јавност, од политичките партии од граѓанските здруженија и движења.

Само Христијан Мицкоски молчи и не го осуди вулгарниот чин на неговиот портпарол.

Тоа покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Во ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски се уште е присутна матрицата на Никола Груевски.

Матрица на навреди, ширење омраза и понижување на жените.

Мицкоски мора да излезе и јавно да ја осуди шовинистичката постапка на портпаролот на неговата партија.

Во спротивно, ќе покаже дека останува посветен на матрицата на навреди, омраза и поделби.

СДСМ останува посветена на градење концепт на едно општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски.

Во Република Северна Македонија не смее и нема да има простор за дискриминација, шовинизам  и омаловажување на жените – се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели: