ВМРО-ДПМНЕ против стратешките проекти на државата

Сподели

 

Како и секогаш досега, ВМРО-ДПМНЕ е против реализација на стратешките цели и проекти на државата, реагираат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ која се противеше на растот на платите, се противеше на членството во НАТО и започнување на преговорите со ЕУ, денес се противи на изградбата на делниците од Коридорите 8 и 10Д за чија реализација со децении се зборува.

Згора на сè партијата предводена од Христијан Мицкоски се дрзнува да обвинува реномирана американска компанија како Бехтел за криминал, со што го поткопува и угледот на државата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ, партијата синоним за провизии од автопати, партијата која потроши над пола милијарда евра на споменици и гипс картон, денес е против развојот на државата, СДСМ инвестира во секое населено место и реализира децениски стратешки проекти.