ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, за граѓаните нема да има нови давачки поврзани со брзиот трансфер на парите

Сподели


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести преку кои неуспешно се обидува да ја манипулира јавноста.

Неточна е информацијата дека ќе биде воведенa нова давачка за граѓаните, поврзана со парите што од странство се праќаат во Република Македонија.

Граѓаните да бидат спокојни, парите од странство нема да имаат нови, дополнителни даночни оптоварувања.