Вести Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Целта на СЈО е елиминација на партијата за слабеење на државата

Сподели:

И денеска преку соопштение до медиумите реагираат од ВМРО ДПМНЕ. Целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата – велат од ВМРО ДПМНЕ.

„СЈО води политички процес, чија цел е политичка, а не правна, и притоа без да има било какви докази се води хајка против цела една партија. 100-тина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење на докази – СЈО се претвори во канцеларија на СДС“, реагираат повторно од ВМРО ДПМНЕ.

Претходно Никола Груевски од партиското седиште рече дека ВМРО-ДПМНЕ била нападната и дека завршила нивната конструктивност.

„Ова нема така да помине. Ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие ова длабоко се излажале. сакам да објавам дека конструктивноста кои некои ја нарекуваа попустливост во нашето делување завршува денес. Сега е време историја да оценува и да суди, а ние се плашиме само од судот на историјата“ рече Груевски.

Сподели: