ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе расправа за референдумот

Сподели

 

Претседателот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на вечерашното заседавање на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека Извршниот комитет ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки меѓу кои и предлогот за референдумско изјаснување како и анализа на актуелната политичко економска состојба во државата.

“Денеска имаме седница на Извршниот комитет. Утре е Централниот комитет и ќе разговараме за актуелните случувања. Би сакал Извршниот комитет да се произнесе и за палењето на возилото на пратеникот во Прилеп. Исто така за предлог за референдумско изјаснување да видиме каков тип на референдум, кога би го почнале, како би го почнале, на што би се насочиле, на што би се фокусирале и да ги слушнеме членовите на Извршниот комитет на партијата, што мислат. Да се направи анализа на актуелната политичко економска состојба во државата, што е стандардна тема во тие неколку часови кога Извршниот комитет заседава. Бидејќи состојбата со економијата е апокалиптична, изјави Мицкоски.