Вести Став

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче со нова афера за снабдување со лекови

Сподели:

 

Министерот за здравство Филипче го обвинуваат за уште една афера за снабдување со лекови. Наум Стоилковски , портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ обвини за нов скандал.

“Министерот за здравство Венко Филипче директорува со невладина организација за донација на лекови со кус рок за држави од Централна и Источна Европа како и за државите од поранешниот Советски сојуз. Ваквите донации, компаниите донатори ги користат за ослободување од лекови со преостанат кус рок на употреба заради скапото понатамошно уништување на истите лекови. Затоа сега јавноста овој факт го поврзува со прашање со скандалот со распределбата на инсулин со кус рок во Република Македонија“, смета Стоилковски.

 

Сподели: