Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во Велес, СДСМ во Неготино и Кавадарци, ДПА во Велешта, Коалиција за промени и правда средба со граѓаните во Скопје

Сподели:

mitinzi-slavene-politichki-partii-9

Денеска ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ митинг ќе имаат во Велес,  додека СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ во Неготино и Кавадарци.

Коалицијата за промени и правда денеска ќе имаат средби со граѓани во Центар и со стопанствениците во Трговскиот центар, Бит пазар и други места во Скопје. Носителите на кандидатските листи за пратеници во првата и втората изборна единица, Павле Трајанов и Јове Кекеновски, ќе одржат прес-конференција пред Јавното обвинителство во Скопје. Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска во 20 часот митинг ќе има во Велешта.

Претставници на Алијансата за Албанците ќе ја посетат Стопанската комора на северозападна Македонија, која ќе им ја претстави својата економска платформа.

Сподели: