Вести Свет

Швајцарија: Одбиен предлогот за ставање крај на нуклераната програма

Сподели:

Во случај референдумот да беше успешен, до 2029 година требаше да се затворат 5 нуклерани реактори

svajcarija

ЖЕНЕВА (АА) – На референдумот организиран во Швајцарија беше одбиен предлогот за ставање крај на нуклераната програма на земјата и за брзо затворање на нуклеарните реактори, јавува Anadolu Agency (AA).

Според неофицијалните резултати од референдумот во Швајцарија, 55 отсто од граѓаните гласале „не“ за предлогот којшто предвидуваше затворање на нукелраните реактори за енергија од следната година.

Во случај референдумот да беше успешен, до 2029 година требаше да се затворат 5 нуклерани реактори, од којшто 3 следната година.

Швајцарија 35 отсто од електричната енергија ја обезбедуваа од нуклераните централи.

По катастрофата која се случи во Фукошима во Јапонија, швајцарската влада одлучи земјата да се ориентира кон обновливите извори на енергија и исто така одлучи нуклераните реактори да се затворат додека се сè уште безбедни.

Сподели: