Вести Македонија Ударни вести

Од Мицкоски се бара официјализирање на фракција во ВМРО – ДПМНЕ

Сподели:

ФРОДЕМ и Иницијативата за реформи во ВМРО ДПМНЕ од денеска заедно ќе настапуваат како фракција на ВМРО ДПМНЕ.

По изјавените ставови, сметаат дека така ќе и помогнат на партијата да стане вистинска и реална опозиција, со свои конкретни ставови, принципи, идеологија и политики, со ново и демократски избрано раководство од членовите на партијата да се врати како победник.

Сега ВМРО-ДПМНЕ и партиското раководство се заробеници на поранешните партиски водачи.

– Причина повеќе за јавно дејствување како фракција е фактот дека ова наметнато раководство сè уште е во закрила и во стегите на поранешните партиски функционери, без разлика на јавното глумење за некаква реформа и демократизација – вели Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ.

Тие денеска побараа од претседателот на партијата Мицкоски, да го официјализира фракционерството, односно, да си остане на ветувањето дека ќе го усогласи статутот со статутите на сестринските партии од Европската народна партија, во кои ова дејствување постои како опција.

На прашањето, зошто ФРОДЕМ, кои до сега делуваа како посебен субјект, бараат да бидат фракција на ВМРО ДПМНЕ, од каде претседателот, Јове Кекеновски, беше исклучен, тој одговори дека, ова движење е формирано согласно партискиот статут, што не е случај и со неговото исклучување од партијата.

Партискиот статут на ВМРО ДПМНЕ во овој момент не дозволува фракционерско делување во партијата.

Сподели: