Во 8 средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба

Сподели

 

Денеска околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 8 средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.