Николоски: Спомен куќа на Гоце Делчев во родниот Кукуш

Сподели

 

Отсуството на државна стратегија ја доведе Македонија до точка на студена војна со Бугарија. Згора на тоа блокирани сеевропските интеграции и e поставена во позиција се што Бугарија бара да биде потпишано и прифатено од страна на владата на СДСM и ДУИ. И не се само уставните измени во прашање, исто како што и договорот со Бугарија за добрососедство не беше првата и единствена работа што ја бараа Бугарите, туку само отворена пандорина кутија.

СДС и ДУИ туркаа агенда дека го затворила отворените прашања со Бугарија, а со тоа и дека се решени сите спорови. Не помина долго време, сите гаранции и фалби на владата на СДСМ и ДУИ паднаа во вода и добивме вето од Бугарија.

Изјавите на владата на СДСМ и ДУИ беа надградени од Стево Пендаровски, кој јавно излезе и кажа дека националната фигура број еден, националниот херој број еден на Македонија, Гоце Делчев бил етнички Бугарин. Такво понижувања од претседател на држава дотогаш не беше слушнато. По изјавите на Пендаровски целата извршна власт беше едногласна со поданичкиот однос кон Бугарија, сите негации ги прифатија и ги туркаа на штета на Македонија, на штета на историската вистина и на штета на фактите.

И покрај сето веднење на кичмата, Македонија не престанува да биде понижувана и Македонците не престануваат да бидат понижувани, изјави Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Заклучокот од ова кратко навраќање на историјата на односите помеѓу Бугарија и Македонија им е јасен на сите. Поданичкиот однос не вродува со плод, државата е понижена и позициите се нарушени, позициите се на најниско можно ниво. Секој си го поставува прашањето што е длабоката позадина на поданичкиот однос на владата на СДСМ и на ДУИ. Тие молчат затоа што се до гуша во криминал и корупција. Тие не се чесни и во Македонија владее криминалот и корупцијата. Тоа е јасно констатирано од бројни меѓународни институции и немањето ефективна битка со организираниот криминал и корупција како и невоведувањето на функционален систем на владеење на правото е основната причина зошто се надеваат дека со поданички однос кон Бугарија ова ќе биде заборавено и ќе им биде простено.

Денес има целосно дезориентирана влада. Влада која нема одговорено соодветно на ниту една единствена провокација од Бугарија, влада која што молчи и влада која што поткленува на сите притисоци. Не се доволни оние неуверливи изјави дека ја согледале ситуацијата и знаеле дека ова било резултат на некакви си странски структури и служби. Ако е така тогаш нека кажат кои се тие странски структури и служби и што преземаат за да го  санкционираат тоа.

Во таа насока на 4ти Февруари се одбележуваат 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Роден во Кукуш – Егејска Македонија, град кој по Балканските војни припадна на Грција. До сега не се смогнати сили достојно да се одбележи местото на раѓањето на Гоце Делчев. Тоа е цивилизациска обврска и вредност, да се негува пиетет кон значајни личности кои секогаш со своите дејанија или идеи ги надминувале местата од кои потекнуваат.  Иако такви примери на светски значајни личности има многу. Еден пример од Македонија е спомен куќата која Македонија ја изгради во чест  на Мустафа Кемал Ататурк – таткото на модерна Турција. Во тој дух предлагам македонската Влада да поднесе иницијатива до грчката Влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, ќе говори за ликот и делото на Гоце како и за неговото семејство и родниот Кукуш во кој пораснал. Тоа ќе биде и мост за пријателство имајќи ги предвид космополитските идеи и сфаќања на Делчев кои биле далеку пред времето во кое живеел. Една таква спомен куќа ќе биде и достојно признание за неговото дело.

Доколку тие не го направат нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова. Затоа што со дела се бранат националните фигури како и самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ. Не со прифаќање на секоја уцена, не со веднење и виткање на кичмата, туку гордо во промоција на националните и државни херои кои ја изградија и развија идејата за независна Македонија. Еден ваков предлог треба да биде презентиран и во Брисел. Убеден сум дека ЕУ ќе даде поддршка на идејата достојно да се одбележи местото на раѓање на великанот на револуционерната борба и човекот кој бил носител на идеи слични на оние кои Француската револуција ги разнесе низ западна Европа за еднаквост, братство и слобода на кои се темели и денешната Европска Унија, а на која Грција е член, а Македонија еден ден ќе биде член.

Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ