Вести Македонија Ударни вести

Во ДИК пристигнаа 2.142 приговори за гласањето на парламентарните избори

Сподели:

 

Во Државната изборна комисија до вчера стигнаа вкупно 2.142 приговори за гласањето на парламентарните избори.

ДИК треба да одговори на приговорите во рок од 72 часа по истекот на рокот за примање на приговорите, откако рокот за приговори истече вчера во 19:30 часот.

Најмногу приговори стигнаа од партијата Левица, која поднесе 1.982 приговори. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесе 151 приговор, а ВМРО-ДПМНЕ два приговора за сумирањето на резултатите од гласањето.

Сподели: