Кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“

Сподели:

Една од секои три жени во светот, се соочува со некаква форма на насилство и злоупотреба. Во ниту една земја во светот, жените не се ослободени од овој страв и тортура.

Семејното насилство се манифестира во повеќе форми и тоа не секогаш вклучува употреба само на физичка сила и закана за употреба на физичка сила. Некои насилници постојано го диктираат изборот на партнерката и ги контролираат нејзините секојдневни постапки, станувајќи насилни или заканувајќи се со насилство ако нивните барања се одбијат.

Па така, насилникот може да ве ограничи како стекнувате, користите и воопшто располагате со парите и имотот и со што се намалува вашата економска сигурност и самостојност. Овој вид на насилство е познат како економска насилство и најчесто е резултат на употреба на присилба и контрола од страна на насилникот.

Ова се само дел од формите на економското насилство…

– те спречува да се образуваш, усовршиш и/или вработиш

– ти го ограничува изборот на занимање

– ти го ограничува работното време

– ти ја зема платата или приходите

– не ти дозволува да користиш одредени видови на парична помош на кои имаш право

– не ти дозволува да имаш пристап до твојата банкарска сметка

– те спречува да располагаш со средствата за кирија, храна, хигиена, облека, трошоци за децата итн.

– ги крие парите од тебе

– те принудува да молиш за добиеш средства од него

Стави крај на економското насилство! Побарај помош.

Центар за бесплатна правна помош на жените што претрпеле семејно насилство

02 3117 866 и 071 266 101

Преземи го првиот чекор. Контактирај не. – ESE

И кампањата на UN Women „16 дена активизам“, годинешниот фокус ќе биде на дигиталното насилство. Годинешната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ повикува на итна глобална акција за затворање на правните јазови и повикување на одговорност на сторителите и технолошките платформи.

Дигиталното насилство се шири со алармантна брзина поттикнато од вештачката интелигенција, анонимноста и отсуството на ефективни закони и одговорност. Сега се протега на секој агол од интернетот – од онлајн вознемирување и сајбер демнење до „доксинг“ (злокументирање), споделување фотографии без согласност, дипфејкови, и дезинформации – што се користат како оружје за замолчување, засрамување и заплашување на жените и девојчињата.

Според податоците на Светската банка, помалку од 40 проценти од државите имаат закони што ги штитат жените од сајбер вознемирување или сајбер демнење. Поради ова, 44 проценти од жените и девојчињата во светот – 1,8 милијарди – се оставени без пристап до правна заштита.

Сподели: