Вести Македонија Ударни вести

Во Дрисла денеска се уништени 67 илјади дози вакцини со изминат рок на употреба

Сподели:

 

На депонијата Дрисла денеска се уништени 67 илјади дози вакцини Фајзер, Астра Зенека и помал дел Синофарм, со изминат рок на употреба, информираат од Министерството за здравство.
 
Уништувањето на вакцините се реализира во неколку фази, почнувајќи од денеска, а ќе продожи и во текот на следната недела кога ќе бидат уништени уште 200 илјади дози.
 
Целата постапка е реализирана во соработка со Институтот за трансфузиологија.
 
Потенцираме дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД, додаваат од Министерството за здравство.
Сподели: