Спорт

Париз беше голема грешка – Шпанецот го напушта ПСЖ по само една сезона?!

Сподели:

Искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос најверојатно ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната.

Рамос (35) минатото лето пристигна во Париз како големо засилување, потпиша двегодишен договор, но не ги оправда очекувањата.

Имаше многу проблеми со повредите, одигра вкупно пет натпревари и само два пати беше на теренот од првата до последната минута.

Наводно постои обострана желба да се прекине соработката на лето.

Рамос во Париз пристигна од Реал Мадрид каде помина 16 години и освои се што можеше да се освои во светот на фудбалот.

The post Париз беше голема грешка – Шпанецот го напушта ПСЖ по само една сезона?! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: