Во хеликоптерска несреќа загина Украинскиот министер за внатрешни работи

Сподели

 

 

Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик-министер и државниот секретар.

Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, објави на својот ФБ профил, шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Според првичните информации, хеликоптерот при падот најпрво удрил во градинката, по што се удрил во станбена зграда.

Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.