Во јуни стартува македонско-грчката група за трговските марки со зборот Македонија

Сподели

 

Првата заедничка седница на Меѓународната група на експерти од Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, ќе се одржи во јуни, соопшти Министерството за надворешни работи.

Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, и Генералниот секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос, на денешната средба во Солун ги дефинирале политичките основи за функционирањето на групата. Истовремено, Димовски и Брахос испратиле заеднички писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) и Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), со кои ги повикале овие организации да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа.