Алтернатива Настани

Колку се посетени македонските киносали

Сподели:

 

Во 2018 година, во македонски кина, биле прикажани 1.113 филмови и 15.066 кинопретстави, на кои имало вкупно 466.926 посетители, соопшти Државниот завод за статистика.

Во 2018, во споредба со 2017 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е намален за 7.2%.

Од прикажаните филмови, 88 биле домашни, 802 странски и 234 во копродукција. Од кинопретставите 261 биле домашни, 12.754 странски и 2.051 во копродукција.

Најголем број посетители имале двете кина во Карпош, вкупно 359.468.

На второ место се двете кина во Центар со 55.000 посетители, додека киното во Битола примило 43.959 посетители.

Сподели: