Во Косово запалени македонски знамиња поради пресудата за “Диво насеље”

Сподели

Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните во случајот „Диво Насеље“, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно биле запалени македонски знамиња, пренесоа српските медиуми.

„Поради револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани – Катана во Гњилане. Ги повикуваме сите албански државници да се спротивстават на ова и да го заштитат албанскиот народ во Илирија. Албанија ќе го стори тоа”, порачаа од навивачката група „Соколи“ во Гњилане.

Македонското знаме беше запалено пред македонската амбасада во Приштина за време на протестите по пресудата за случајот „Монструм“, на почетокот на јули 2014 година. Тогашната претседателка на Косово, Атифете Јахјага го оцени како „неприфатлив“ ваквиот чин и побара од полицијата и правосудните органи да ги откријат сторителите.

Учесниците во протестите извикувале пароли за чиста Албанија и ги повикувале Албанците да се борат за своите права и неправди нанесени од Славомакедонците.