Вработен во Twitter го деактивирал профилот на Доналд Трамп

Сподели

Твитер профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп вчера на кратко исчезна од оваа социјална мрежа, но повторно е обновен, соопштија од „Твитер“.

Вработен во Твитер вчера, на последниот негов работен ден во компанијата, го деактивирал профилот на американскиот претседател Доналд Трамп. Со овој потег на вработениот, профилот на Трамп бил изгасен 11 минути. За време на овој период, секој што сакал да го посети профилот на претседателот ја читал пораката „Се извинуваме, оваа страница не постои!“

Твитер профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп вчера на кратко исчезна од оваа социјална мрежа, но повторно е обновен, соопштија од „Твитер“.

Трамп, кој е активен корисник на Твитер со 41,7 милиони приврзаници, засега не го коментира инцидентот.